Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде што е можна почеста појава на одрони.
Од ГЕИНГ известуваат дека од денеска, 1 јуни 2015 година, од 09.00 до 13.00 часот ќе се изведуваат теренски истражни работи на мост на река Којнарка во Долно Којнаре и во тој период мостот ќе биде затворен за сообраќај.
Градежното Друштво „Гранит“ Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) известува дека ќе изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км.
Градежните активности започнаа на 21.5.2015 година. Целосно е затворен сообраќајот до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
Сите активности се во согласност со одобрението за времен режим на сообраќај бр.1005 од 28 мај 2014 година, издадено од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.
„Бетон“ на 16.4.2015 година почна со изведување градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с. Маврово. Патниот правец е затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.
Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси може да се одвива преку село Леуново.
Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради извршување градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под привремен режим на сообраќај, и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до село Лозово, и
– од село Лозово преку село Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Од 12.1.2015 година се изведуваат работи на државниот пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево. Работите се изведуваат во временски период од 6.00 до 19.00 часот и се очекува да траат до 12.6.2015 година.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.