| четврток, 6 декември 2018 |

4.000 мигранти спасени во еден ден

имигрантиНајмалку 4.000 мигранти се спасени во близина на либискиот брег во 22 операции извршени во тек на еден ден, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража.

Во соопштението се додава дека пронајдени се и 17 тела на неколку бродови кои биле во многу лоша состојба.

Операциите за спасување мигранти од 13 дрвени рибарски бродови и девет гумени чамци биле спроведени во петокот.

Спасени се вкупно 4.243 мигранти кои се префрлени во јужни италијански пристаништа меѓу кои и на Сицилија. Како помош во операциите учествувале товарни бродови и ирска и германска морнарица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top