| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Извозот за првите пет месеци зголемен за 25 отсто во споредба со лани

gruevski izjavaВо првите пет месеци од годинава извозот од слободните зони порасна за 25 отсто во споредба со истиот период од минатата година, истакна премиерот Никола Груевски.

– Во првите пет месеци само од слободните економски зони имаме извоз од 553 милиони евра, а во мај извозот од зоните е 120 милиони евра, рече премиерот Груевски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на ТИРЗ во Делчево.

Тоа, нагласи, е многу сериозен раст кој значајно влијае и на целокупниот извоз од земјава.

– Воедно, тоа е уште еден показател дека владините политики се правилно насочени и оти треба дополнително да се зајакнуваат во тој правец. Фокусот треба да остане токму на решавањето на проблемот со невработеноста и на привлекувањето странски инвестиции, но и на натамошното подобрување на бизнис-климата. Во тој правец треба да се превенираат и елиминираат сите обиди за создавање политички кризи или што било што би ги одвратило инвеститорите, потенцира премиерот Груевски.

Создавањето на политички кризи, посочи, не е во интерес на граѓаните.

– На граѓаните им е во интерес како Влада да работиме на отворања нови работни места преку привлекување странски и охрабрување и помагање на домашните инвеститори за да се намали невработеноста која е еден од најгорливите проблеми во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top