Борче Стамов, најмладиот градоначалник во Македонија, во наредните четири години ќе го дотерува и ќе го организира животот во Дојран. Како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, дваесет и осумгодишниот економист го доби градоначалничкото место уште во првиот круг со гласовите на 1.278 избирачи од 2.296, колку што излегле на гласање на осумте избирачки места во општина Дојран.За кандидатот на „Сојузот за иднината“ Никола Ајцев гласале 941 гласач, за Коста Гогов од СДУ 26, а за Благој Кортов од СДПМ само пет гласачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


