| четврток, 6 декември 2018 |

Еврокомесарот Јоханес Хан во втoрник ќе допатува во Скопје

Johannes HAHNЕврокомесарот Јоханес Хан во втoрник ќе допатува во Скопје, а се очекува да одржи средба со лидерите на македонските партии за надминувањето на актуелната политичка криза.

Хан прво ќе има средба со лидероте на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и првиот човек на СДСМ Зоран Заев, а по оваа средба ќе биде одржана и лидерската средба во вообичаениот формат – лидерската четворка со амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Хан во Македонија доаѓа заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, за да ја продолжат медијацијата меѓу политичките партии за надминување на политичката криза во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top