| четврток, 6 декември 2018 |

Матуранти се откажале од екскурзија за да ѝ помогнат на директорката болна од рак (видео)

Директорката која своите ученици секогаш ги подучувала да бидат грижливи и несебични, сега кога се нашла во многу тешка ситуација, открила дека одлично ги воспитала.

Матуранти од средно училиште во Битлехем, Њу Хемпшир, се откажале од училишното патување за сите собрани пари да ѝ ги дадат на директорката на која неодамна ѝ бил дијагностициран редок и многу агресивен облик на р

Матурантите оваа недела требале да тргнат во популарното одмаралиште Rydin’ Hi Ranch во Њујорк, меѓутоа веста за болеста на директорката Кортни Вашав толку многу ги погодила, што одржале вонреден состанок на кој едногласно одлучиле да останат дома за на директорката да ѝ донираат 8.000 долари.

„Таа жена толку многи ни даде, што одлучивме барем на овој начин нешто да и` возвратиме“, изјавил претседателот на класот Кристофер Сироис, на чии зборови се надоврзалнеговиот колега благајник во класот Иан Бејкер:

„Станува збор за многу грижлива личност која секогаш не` подучуваше да бидеме несебични“, рекол тој.

Дека успеала во тоа посведочил овој гест кој ја расплакал директорката, а сето тоа го забележале камерите на телевизиската станица WMUR9.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top