| четврток, 6 декември 2018 |

Специјалците ги опколија бранителите кои протестираат во Загреб (галерија)

Демобилизирани борци кои вчера цел ден протестираа во Загреб барајќи разговор со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, не се откажуваат од своите намери.

hrv

Синоќа реагирала и интервентната полиција кои ги натераа бранителите да се повлечат во црквата Свети Марко каде се уште се наоѓаат.Пред црквата е поставена метална бариера која спречува каков било влез или излез од црквата, а полицијата денеска им соопшти дека секој кој ќе излезе од таму веќе нема да може да се врати внатре. Полицијата забранува на бранителите да им се достави храна и вода. Во прашање се бранители кои повеќе од 220 дена протестираа во шатор пред ресорното министерство барајќи оставка од министерот Предраг Матиќ и негови соработници бидејќи сметаат дека не направиле ништо за нивните права. Демобилизираните борци на прес конференција рекоа дека не поставуваат ултиматуми туку само сакаат разговор со премиерот, пренесуваат хрватски медиуми.

hrv1

hrv2

hrv3

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top