| четврток, 6 декември 2018 |

Поминаа 30 години од првото „одење по Месечината“ на Мајкл Џексон

Поминаа 30 години откако Мајкл Џексон „одеше по Месечината“, нѐ потсетува музичкото списание „Ролинг стоунс“. Големиот настан се случи пред крајот на неговиот настап во Пасадена, во чест на 25 години од постоењето на дискографската куќа „Мотоун“. Џексон на бината ја изведуваше „Били Џин“, а неговиот настап телевизиската станица „Ен-би-си“ го емитуваше шест недели подоцна.

џексон

„Одот по месечината“ не траеше повеќе од две секунди, а не беше ни оригинален. Џејмс Браун слична точка изведуваше неколку години пред него. Но, сепак, Џексон целата точка ја доведе до совршенство. Наскоро, целиот свет „одеше по Месечината“.

Во тоа време неговито албум „Трилер“ се продаваше полни четири месеци, а песната „Били Џин“ беше на врвот на листите. Но, овој настап Џексон го врвна во ѕвездите и го издигна до статус на божество. Погледнете!

httpv://www.youtube.com/watch?v=LZ8ce4Jdp-Y

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top