| четврток, 6 декември 2018 |

Во Мариово викендов културни средби и рекреативен велосипедизам

Во Мариово од денеска до 31 мај по четврти пат ќе се одржи велосипедскиот и рекреативен фестивалот „Мариово оф роуд експирианс“ (Mariovo off road experience) а на 31 мај, в недела, во манастирот „Свети Илија“ во прилепско Мариово по 31. пат ќе се одржат „Мариовско – мегленските културни средби“.

mariovo

Организатори на овие манифестации се Општин Прилеп и Здружението „Мариовско-мегленски културни средби“.

Во програмата ќе учествуваат повеќе културно-уметнички друштва, а ќе има и поетско читање што го организира Друштвото на писатели на Македонија.

Мариово е дел од агендата на Здружението „Вело Европа“ од Скопје кое ја организира четвртата по ред тура на велосипетски рекреативни трки низ Мариово.

Програмата на фестивалот ќе започне во петок кога се планирани и изложби, презентација на кратки филмови за outdoor спортови, и забава со ДЈ и бендови за младите.

Во 9 часот во недела се започнува со планинското трчање и планинарење, а во 10 часот започнуваат трите велосипедски тури од кои едната ќе биде за друмски, а другите две за планински велосипедизам.

Фестивалот се одржува од 2010 година, а Мариово нуди одлични можности.

Во Македонија годинава се организираат 12 вакви фестивали, но на секој од нив има само по максимум 250 учесници, а Мариово е лидер со 700 пријавени учесници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top