Изложеноста на извори на бучава е правопропорционално поврзана со зголемена опасност од прекумерна тежина, покажува најново истражување на шведски научници. Експертите укажуваат дека долготрајната изложеност на бучава може да влијае и на работата на хормоните и метаболизмот, со што може да доведе до прекумерна тежина, особено во пределот на половината.
Истражување спроведено на Институтот „Каролиснка“ во Стокхолм покажува дека опасноста за прекумерна тежина расте правопропорционално со зголемениот број на извори на бучава на кои личноста е истовремено изложена. Во истражувањето се користат податоци собрани во период од 14 години од околу 5.000 испитаници на возраст од 43 до 66 години. Според истражувањето, изложеноста на бучава предизвикана од сообраќајна навалица е поврзана со 25 проценти зголемен ризик за прекумерна тежина, а во комбинација со бучава од возови и авиони ризикот речиси двојно се зголемува. Освен тоа, со секој дополнителен децибел бучава пропорционално се зголемува и ризикот од поголем обем на половината, без оглед на факторите поврзнаи со животниот стил и социоекономскиот статус на испитаниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.