| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт Насков: Зошто Агенцијата за филм одби да го финансира „Звиздан”?

Филмот во избор од 1.400 филмови беше селектиран во програмата „Un Certain Regard“ на Канскиот филмски фестивал и ја освои наградата од жирито со кое претседаваше актерката Изабела Роселини

Роберт Насков, претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија, писмено реагира до в.д. директорот на Агенцијата за филм Дарко Башевски затоа што институцијата што тој ја раководи одби да го финансира хрватскиот филм „Звиздан“ на авторот Далибор Матаниќ!?

Тој филм во избор од 1.400 филмови, беше селектиран во програмата „Un Certain Regard“ на Канскиот филмски фестивал и ја освои наградата од жирито со кое претседаваше актерката Изабела Роселини.

Robert-Naskov-int110-1

 

„Башески, како е можно вредноста на тој филм да ја прочитаат во Хрватскиот аудиовизуелен центар, во Словенечкиот филмски центар, во Филмскиот центар на Србија, филмот да биде поддржан од Медија-програмата и од Еуримаж, но не и од Агенцијата за филм на Македонија? Мора да одговориш зошто е пропуштена историска шанса Македонија да биде дел од овој огромен филмски и културен успех, да биде дел од филмот што најдобрите светски филмски списанија го вброија во десетте филмови од оваа издание на Канскиот фестивал, кое мора да се види. Преестани да се криеш зад разни читачи, филмски совети, управни одбори и административни процедури, туку јасно одговори зошто им е ускратена можноста на македонските филмски професионалци, автори и актери да бидат дел од овој филмски проект, а со тоа и од оваа врвна филмска манифестација, зошто пропуштивме сите заедно да се радуваме на успехот на овој филм? Мислам дека македонска јавност има право да ги знае одговорите на овие прашања бидејќи располагаш со нивните пари. Башески, до кога со твоите лоши процени и погрешни потези ќе ѝ нанесуваш штета на македонската кинематографија?“ пишува Насков во писменото сооппштение испратено до медиумите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top