| четврток, 6 декември 2018 |

Професор д-р Пушевски: Болката кај гихт е најсилна болка во ревматологијата

Ако се вни­ма­ва на ис­хра­на­та и ако се ко­ри­сти ле­кот „аро­пу­ли­нол“ во те­ра­пи­ја­та со вре­ме на­па­ди­те пре­ста­ну­ва­ат, не­ма но­ви на­па­ди. Ова е бо­лест за ко­ја мо­же да се ка­же по­стои иде­а­лен лек во ле­ку­ва­ње­то. Ре­тко во ме­ди­ци­на­та има лек што дејс­тву­ва ди­рект­но на ме­ха­низ­мот на на­ста­ну­ва­ње на бо­ле­ста, ве­ли проф. д-р Пу­шев­ски

Гихт е ед­на од нај­че­сти­те фор­ми на ар­три­тис и мо­же да пре­диз­ви­ка сил­ни бол­ки. Гих­тот е на­ру­шу­ва­ње на ме­та­бо­лиз­мот на моч­на­та ки­се­ли­на. При­чи­на­та за ова за­бо­лу­ва­ње е при­сус­тво­то на кри­ста­ли од моч­на­та ки­се­ли­на во си­но­ви­јал­на­та теч­ност во згло­бо­ви­те. Гих­тот е ед­но од ар­три­тич­ни­те за­бо­лу­ва­ња за кои по­стои нај­го­лем из­бор на те­ра­пии. Ле­ку­ва­ње­то обич­но се со­стои од не­сте­ро­ид­ни ан­ти­вос­па­ли­тел­ни ле­ко­ви, во слу­чај на че­сти или мно­гу сил­ни на­па­ди, „ало­пу­ри­нол“, кој по­ма­га да не дој­де до соз­да­ва­ње моч­на ки­се­ли­на.

 

Кои се при­чи­ни­те и симп­то­ми­те на гих­тот? Ка­ква фор­ма на ар­три­тис прет­ста­ву­ва ова за­бо­лу­ва­ње?
ПУШЕВСКИ: Гих­тот е бо­лест на ме­та­бо­лиз­мот, тоа е на­ру­шу­ва­ње на ме­та­бо­лиз­мот на пу­ри­ни­те, чиј­што кра­ен про­дукт е моч­на­та ки­се­ли­на, ко­ја се из­ла­чу­ва пре­ку бу­бре­зи­те. Нај­че­сто се ра­бо­ти или за зго­ле­ме­на про­дук­ци­ја на моч­на ки­се­ли­на во ор­га­низ­мот, хи­пе­ру­ри­ке­ми­ја, или за на­ма­ле­но из­ла­чу­ва­ње пре­ку бу­бре­зи­те. Обич­но се ра­бо­ти за ком­би­на­ци­ја на овие две со­стој­би. Гих­тот се де­ли на при­ма­рен и на се­кун­да­рен гихт. При при­мар­ни­от гихт од зна­че­ње е ге­нет­ска­та пре­дис­по­зи­ци­ја. По­сто­јат се­мејс­тва во кои гих­тот се ја­ву­ва мно­гу по­че­сто, по­ра­ди не­кои де­фе­кти во нив­ни­от ор­га­ни­зам. Ако во се­мејс­тво­то ро­ди­те­ли­те или еден од нив бо­ле­ду­ва­ат од гихт, то­гаш е го­ле­ма ве­ро­јат­но­ста и не­кои од нив­ни­те де­ца да се раз­бо­ли од гихт. Таа ве­ро­јат­ност е до 20 про­цен­ти. Вто­ра­та при­чи­на за по­ја­ва на гихт е зго­ле­ме­но­то вне­су­ва­ње пу­ри­ни пре­ку хра­на­та. Пу­ри­ни­те најм­но­гу ги има во ме­со­то. Се­кун­дар­ни­от гихт е пос­ле­ди­ца на зго­ле­ме­но раз­гра­ду­ва­ње на кле­тки­те во ор­га­низ­мот. Тоа е слу­чај при ма­лиг­ни­те бо­ле­сти на хе­ма­то­по­ет­ски­от си­стем, по­на­та­му при не­кои ви­до­ви ане­мии ка­ко што е хро­нич­на­та хе­мо­ли­тич­ка ане­ми­ја, зго­ле­ме­но рас­па­ѓа­ње на кле­тки­те има при ко­ри­сте­ње на ци­то­ста­ти­ци кај ма­лиг­ни­те бо­ле­сти, при зра­че­ње од исти­те при­чи­ни.

 

Во што се со­стои ле­ку­ва­ње­то? Ка­ква е те­ра­пи­ја­та?
ПУШЕВСКИ: По­сто­јат пре­вен­тив­ни мер­ки во од­нос на ис­хра­на­та и да­ва­ње со­од­вет­на те­ра­пи­ја. Што се од­не­су­ва до ле­ку­ва­ње­то, при на­пад на гихт, од­нос­но акут­на ата­ка на гих­тот по­треб­но е да се сми­ри со да­ва­ње ан­ти­рев­ма­ти­ци во ма­кси­мал­но доз­во­ле­ни до­зи и тоа сѐ до­де­ка трае на­па­дот. Ако се ра­бо­ти за прв на­пад, то­гаш не­ма по­тре­ба од дру­га те­ра­пи­ја. Ако се по­вто­ру­ва­ат на­па­ди­те, то­гаш, по сми­ру­ва­ње на на­па­дот тре­ба да се во­ве­де хро­нич­на те­ра­пи­ја. Нај­до­бар лек за сми­ру­ва­ње на акут­на ата­ка на гих­тот е „кол­хи­цин“. Тој, за жал го не­ма кај нас. Тој нај­до­бро ја сми­ру­ва са­ма­та ата­ка. Што се од­не­су­ва до хро­нич­но­то ле­ку­ва­ње, ту­ка по­сто­јат два ви­да ле­ко­ви. Ед­ни­те се та­ка­на­ре­че­ни ури­ко­ста­ти­ци, чиј­што гла­вен прет­став­ник е „ало­пу­ри­но­лот“. Тој ја на­ма­лу­ва син­те­за­та на моч­на­та ки­се­ли­на и ја зго­ле­му­ва неј­зи­на­та ели­ми­на­ци­ја пре­ку бу­бре­зи­те. Ако ва­кви­те па­ци­ен­ти има­ат кам­чи­ња или пе­сок во бу­бре­зи­те, ало­пу­ри­но­лот ја зго­ле­му­ва нив­на­та ели­ми­на­ци­ја и спре­чу­ва соз­да­ва­ње кам­чи­ња. Ду­ри и ако има кам­чи­ња и ако тие се од по­мал раз­мер, то­гаш мо­же и да ги то­пи. За „ало­пу­ри­но­лот“ по­сто­јат три пра­ви­ла, кои ве­ќе два­е­се­ти­на го­ди­на се по­ста­ве­ни од стра­на на аме­ри­кан­ска­та рев­ма­то­ло­шка асо­ци­ја­ци­ја. Тоа се: пр­во – да не се да­ва те­ра­пи­ја со „ало­пу­ри­нол“ за вре­ме на на­па­дот, вто­ро – отка­ко ќе се поч­не те­ра­пи­ја со „ало­пу­ри­нол“, таа да не се пре­ки­ну­ва ни­ка­ко и тре­то и да се ја­ви нов на­пад, тре­ба да се тре­ти­ра со не­сте­ро­ид­ни ан­ти­рев­ма­ти­ци, а се про­дол­жу­ва со „ало­пу­ри­но­лот“. Зна­чи не поч­ну­вај за вре­ме на на­пад, не пре­ки­ну­вај и не ја ме­ну­вај до­за­та без со­ве­ту­ва­ње со ле­ка­рот. И про­ме­на на до­за­та до­ве­ду­ва до про­ме­ни на ни­во­то на моч­на­та ки­се­ли­на во кр­вта и тоа мо­же да би­де при­чи­на на нов на­пад. При та­ка­на­ре­чен хро­ни­чен гихт до­а­ѓа до та­ло­же­ње на кри­ста­ли­те на моч­на­та ки­се­ли­на во ме­ки­те тки­ва, тоа зна­чи нај­че­сто око­лу ла­ко­тот, око­лу згло­бо­ви­те на пр­сти­те или на ста­па­ла­та, на ’рска­ви­ца­та на уш­ни­те шко­ли. Тоа се зр­не­сти фор­ма­ции со раз­лич­на го­ле­ма, бе­луз­ла­во-жол­ти по бо­ја, кои се на­ре­ку­ва­ат то­фи и кои ако тра­ат по­дол­го мо­же да пук­нат. Од овие то­фи исте­ку­ва бе­луз­ла­ва теч­ност. Тоа се кри­ста­ли­те на моч­на­та ки­се­ли­на.

 

Ка­ко да се пре­ве­ни­ра ова за­бо­лу­ва­ње?
ПУШЕВСКИ: Од пре­вен­ци­ја­та, тре­ба да се из­бег­ну­ва хра­на што е бо­га­та со пу­ри­ни, тоа зна­чи де­ка тре­ба да се из­бег­ну­ва цр­ве­но ме­со, мрс­но ме­со, про­ду­кти од вна­треш­ни ор­га­ни ка­ко џи­ге­ри, сле­зин­ки. Би­деј­ќи нај­че­сто се ра­бо­ти за ли­ца со зго­ле­ме­на те­лес­на ма­са, тре­ба да ја на­ма­лат сво­ја­та те­лес­на те­жи­на. Мно­гу е важ­но да се из­бег­ну­ва ал­ко­хол за­тоа што ал­ко­хо­лот на два на­чинa до­ве­ду­ва до зго­ле­ме­но ни­во на моч­на­та ки­се­ли­на во ор­га­низ­мот. Пр­во, ал­ко­хо­лот ја на­ма­лу­ва ели­ми­на­ци­ја­та на моч­на­та ки­се­ли­на пре­ку бу­бре­зи­те и вто­ро, во ме­та­бо­лиз­мот на ал­ко­хо­лот се соз­да­ва ки­се­ла сре­ди­на, ко­ја е иде­ал­на за та­ло­же­ње на кри­ста­ли­те на моч­на­та ки­се­ли­на во згло­бо­ви­те, ме­ки­те тки­ва и во бу­бре­зи­те. Тоа зна­чи де­ка тре­ба да се из­бег­ну­ва се­кој вид ал­ко­хол, осо­бе­но пи­во­то. Друг вид хра­на е доз­во­ленa, ка­ко на при­мер пи­ле­шко ме­со, не­мрс­на ри­ба, ду­ри е доз­во­ле­но и те­ле­шко ме­со, ако не е мрс­но, но се­то тоа во уме­ре­ни ко­ли­чи­ни, два до три­па­ти не­дел­но. Оваа е хро­нич­на бо­лест, слич­на на ди­ја­бе­тес, са­мо што та­му е ед­но, а ту­ка ста­ну­ва збор за дру­го на­ру­шу­ва­ње. Тоа е бо­лест на ме­та­бо­лиз­мот, кај гих­тот мно­гу че­сто има зго­ле­ме­ни триг­ли­це­ри­ди и хо­ле­сте­рол, што но­си друг ри­зик. Кај 30 про­цен­ти од бол­ни­те од гихт по­стои шан­са со тек на вре­ме да до­би­јат и ди­ја­бе­тес. Сло­бод­но мо­же да се кон­су­ми­ра­ат млеч­ни про­из­во­ди, по­тоа грав, гра­шок, бо­ра­ни­ја и ако има­ат зго­ле­ме­на те­лес­на те­жи­на, мо­ра да ос­лаб­нат.

 

Ка­ко да се спре­чат по­втор­ни­те на­па­ди?
ПУШЕВСКИ: Во кли­нич­ка­та сли­ка акут­ни­от на­пад на гих­тот се ја­ву­ва нај­че­сто на но­зе­те, и тоа на но­жен па­лец, на ста­па­ло­то, ко­ле­на­та и по­ре­тко на дру­ги­те ор­га­ни. Обич­но, на по­ја­ва­та на на­па­дот прет­хо­ди и обил­на кон­су­ма­ци­ја на ме­со за­чи­не­то со ал­ко­хол и вто­ра при­чи­на мо­же да би­де дол­го пе­ша­че­ње, дол­го во­зе­ње со авто­мо­бил, тес­ни чев­ли, кои мо­же да би­дат про­во­ци­рач­ки на­пад кај лу­ѓе кај кои ве­ќе има зго­ле­ме­но ни­во на моч­на ки­се­ли­на. На­па­дот нај­че­сто поч­ну­ва но­ќе со бол­ка што по­сте­пе­но се за­си­лу­ва и ста­ну­ва ре­чи­си не­из­држ­ли­ва по­ра­ди што ва­кви­те бол­ни не мо­жат да спи­јат, по­сто­ја­но се во не­кое дви­же­ње ба­рај­ќи на­чин ка­ко да се сми­ри бол­ка­та, но во тоа ни­ка­ко не ус­пе­ва­ат. Уште кај ста­ри­те Гр­ци Хи­по­крат опи­шал де­ка ва­кви­те бол­ни по­сто­ја­но се вр­тат в кре­вет, ду­ри и до­пи­рот од чар­ша­фот им пре­диз­ви­ку­ва бол­ки. Ва­ков на­пад е обич­но при­дру­жен со изра­зен оток и цр­ве­ни­ло на бол­ни­от зглоб. На­па­дот мо­же да трае не­кол­ку де­на, не­ко­гаш и до де­сет де­на, по­тоа по­ми­ну­ва или со те­ра­пи­ја, или спон­та­но. И во по­че­то­кот, ва­ков на­пад мо­же да се по­вто­ру­ва ед­наш на две-три го­ди­ни. Ме­ѓу­тоа, ако не се пре­зе­мат пре­вен­тив­ни мер­ки, овие на­па­ди ста­ну­ва­ат сѐ по­че­сти и со вре­ме до­а­ѓа до оште­ту­ва­ње на згло­бо­ви­те, а во бу­бре­зи­те до­а­ѓа до соз­да­ва­ње кам­чи­ња, што по­доц­на до­ве­ду­ва до оште­ту­ва­ње на бу­бре­зи­те и до хро­нич­на сла­бост на бу­бре­зи­те.

 

Да­ли ма­жи­те за­бо­лу­ва­ат од гихт по­ве­ќе откол­ку же­ни­те? Зо­што е тоа та­ка?
ПУШЕВСКИ: Гих­тот е ти­пич­но ма­шка бо­лест. Уште Хи­по­крат по­ста­вил ед­на акси­о­ма во ко­ја се ве­ли де­ка од гихт не бо­ле­ду­ва­ат же­ни­те до ме­но­па­у­за и ев­ну­си­те, што зна­чи де­ка во ос­но­ва е ма­шки­от хор­мон. И за­тоа же­ни­те бо­ле­ду­ва­ат од гихт по ме­но­па­у­за. Жен­ски­те хор­мо­ни ги шти­тат же­ни­те од оваа за­бо­лу­ва­ње. Бол­ка­та кај гихт е нај­сил­на бол­ка во рев­ма­то­ло­ги­ја­та, се спо­ре­ду­ва со по­ро­дил­ни бол­ки кај же­на­та.

Ако се вни­ма­ва на ис­хра­на­та и ако се ко­ри­сти ле­кот „аро­пу­ли­нол“ во те­ра­пи­ја­та со вре­ме тие на­па­ди пре­ста­ну­ва­ат, не­ма но­ви на­па­ди. Ова е бо­лест ка­де што по­стои мо­же да се ре­че иде­а­лен лек во ле­ку­ва­ње­то. Ре­тко во ме­ди­ци­на­та има лек што дејс­тву­ва ди­рект­но на ме­ха­низ­мот на на­ста­ну­ва­ње на бо­ле­ста.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top