Мрачното сценарио на Зоран Заев доживува пропаст. Тоа му стана јасно и на лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Тој е свесен дека ја изгуби битката и дека ја нема поддршка кај македонското гласачко тело која што тој ја очекуваше. Откако планот за мрачното сценарио не успеа, Заев со нова стратегија – додворување кон албанските гласачи и очајнички обид да ги придобие нивните гласови. Тој е подготвен да игра на сметка на можни меѓуетнички тензии и предизвикување конфликт, само да го добие она што го сака – албанските гласови како замена за она што не успеа да го добие од македонските гласачи во земјава. Неговите постапки ги коментираат и самите сопартијци и поддржувачи на СДСМ. Се прават обиди да се создаде некоја лажна еуфорија која ќе го прикрие тонењето на Заев, но тоа не е доволно за да се покрие очигледното разочарување од дебаклот кој им се случува. Се најавуваа бомби кои ќе направат чуда, пукнаа петарди кои само задимија.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера му порача на Заев дека е готово, дека неговото сценарио нема да доживее успех.
– Готово е господине Заев. Готово е со вашата штетна и погубна политика и стратегија. Очигледно е дека ниту вие, ниту вашата политичка партија нема што добро да и понуди на нашата држава и нашите граѓани. Тоа се гледа секој ден. Вашата политика и стратегија нанесе голема штета и пакост на Македонија. Вашата политика нанесе штета на меѓународниот углед на државата, на стопанската активност на претпријатијата, на меѓучовечките односи, на довербата помеѓу граѓаните од различни етнички и религиозни групи. Секој граѓанин на Македонија ја плаќа цената на вашата желба за власт. Таа одговорност ќе си ја носите со вас, и вие и они кои ве поддржуваат, и ќе ви тежи до крајот на вашата политичка кариера. Јасно е веќе и за најтврдокорниот поддржувач на СДСМ кој ги слуша овие креирани материјали, дека вашето сценарио за дестабилизација пропадна, дека немате никаков аргумент за наводен сторен криминал, и дека под ваше водство СДСМ се претвори во клуб на раскажувачи и оговарачи кој работи спротивно на интересите на државата. Затоа ја немате поддршката од граѓаните, што сигурно ви е јасно и од анкетите кои ги добивате во целиот овој период, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Сега на сцена се очајничките обиди на опозициската СДСМ и лично на аболицираниот Заев за спас – да се покрие неуспехот. Како давеник за сламка кој граба што може да се спаси и СДСМ и Заев грабаат за да се спасат, притоа неразмислувајќи или воопшто неинтересирајќи се за последиците од нивниот очајнички обид за личен спас. Играат онаму каде што веројатно никој не би смеел да игра игри – предизвикување на меѓуетнички тензии помеѓу Македонците и Албанците. Логиката на штабот на „Павел Шатев“ е дека преку тотален хаос и конфликт во меѓуетничките односи, ќе можат да ги затскријат своите неуспеси пред членството, да ја отфрлат одговорноста од себе за многубројните прекршувања на законите и корупциско криминални афери.
Заев игра на картата „Монструм“. Ќе каже нешто дека има за Смиљковско, е демантира, ќе нафрли, ќе повлече. Познавачите коментираат дека Заев конфликтот би го темелел на лажни обвинувања кои се поврзани со обид за креирање на меѓуетнички тензии и тоа на измислени теми и ситуации кои би ги зачинувал со неговиет лажни и неточни воведи и објаснувања, како што беше неговиот вчерашен испад во интервјуто за германскиот весник „Ди Цајт“, поврзан со случајот „Монструм“, каде беше пренесена изјава на Заев дека осудените во овој случај биле невини.
–Седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, беше изјавата на Заев во интервју за весникот „Ди Цајт“, пренесена гласно и координирано од сите опозициски портали, весници и телевизии, за потоа самиот опозицики лидер да се огради од пишувањата и да се правда дека изјавата била “погрешно интерпретирана“.
Тука прашањето е – дали СДСМ пратиле демант до германскиот весник? Веќе посеана атмосферата на конфликтност со таа изјава на Заев која беше пренесена во германскиот медиум.
Досега од бомбите што се најавуваа не слушнавме ништо драматично. Се најавуваше скандал за името – ништо од тоа. Се најавуваше вистина за Никола Младенов – ништо ново од она што веќе се знаеше. Веројатно и во Смиљковско Езеро нема да има ништо скандалозно, исто како што немаше во името, за Никола Младенов и за Мартин Нешковски. Заев како и секогаш со неговите воведничарски обраќања пред пуштањето на креираните разговори, ќе понуди една лажна слика, ќе ја зачини работата, ќе даде неумерени изјави и констатации и можеби и координирано ќе работи за тензија по улиците и можно насилство. Тоа е пеколното во ова сценарио за негов спас, велат упатените.
Заев отворено им се додворува на Албанците со скандалозното интервју за косовската телевизија РТК, каде отворено зборуваше и даваше идеи и ставови за федерализација на земјата и за откажување од идентитетските позиции на Македонците во разговорите со Грција.
Тој во интервјуто говореше и за некакво продлабочување на охридскиот договор, а имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во целост, експертите сметаат дека се подрзабира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација. Дополнително, во дел од неговите заложби како додворување кон албанските гласачи, Заев ветува Македонците да учат албански јазик од градинка.
Објавувањето на разговорите со Грција, отворено заземајќи грчка позиција истакнувајќи дека идентитетските прашања не се битни, не е битно што ќе пишува во ОН за идентитетот на нацијата и јазикот, неговото однесување ден по настаните во Куманово, во Дивата населба каде насмеан се фотографираше селфи со Албанците и покажуваше два прста, симболизирајќи го знакот на УЧК експертитего објаснуваат како политичкиот очај и бесперспективност на опозицијата. Тие сметата дека тоа неминовно ќе придонесе за губење на политички поени на СДСМ во гласачкото тело, дури и помеѓу самите социјалдемократи. Тие додаваат дека граѓаните не треба и нема да дозволат меѓуетнички тензии кои се проектирани со единствена цел да го покријат дебаклот на мрачното сценарио на Заев и СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст