| четврток, 6 декември 2018 |

Пред кумановска црква претепан помошник-свештеник

СВР Куманово поднесе кривична пријава за двајцата кумановци А.М.(32) и С.М.(28) за насилство.

На 9 мај околу 14 часот пред влезната капија на црквата „Свети Никола“ во Куманово додека оштетениот В.Б.(57) од Куманово бил на работното место како помошник на свештените лица, пријавените му пришле од зад грб и со употреба на физичка сила со тупаници и клоци го удирале во пределот на главата и телото, по што му нанеле видливи повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top