Хрватскиот пејач Масимо Савиќ в сабота во „Сити хол центар“ поранешен „Хардрок“, ќе настапи на заедничката прослава на 25 години од матура на сите скопски училишта од генерацијата 1989/90 година. Покрај маестралниот Масимо, на прославата како ДЈ ќе се појави и Вера Јанковиќ.
Влезниците за оваа прослава се во редовна продажба, а можат да се купат на сите продажни места на „Купи карти за сè“. Цената на влезниците е 1.200 денари. Забавата почнува во 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.