| четврток, 6 декември 2018 |

Либанец на Кипар криел два тона потенцијален експлозив

ammonium-66q4afipu17nulhntekbrrwtgg9b50ovrwfgpzz6e1qКипарската полиција уапси 26-годишен Либанец откако во неговиот дом откри два тона амониум нитрат, кој е потенцијален експлозив.

Во домот на Либанецот со канадски пасош се откриени и 10.000 евра. Тој пристигнал на Кипар минатата година.

Либанецот е приведен под обвинение за незаконско поседување и дистрибуција на експлозивни материјали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top