| четврток, 6 декември 2018 |

Префрлени пари на 300 семејства што настрадаа во поплавите

poplavi pelagonija 2
По повод поплавите што зафатија делови од нашата држава на почетокот на оваа година, Црвениот крст на Република Македонија спроведе низа активности со цел ублажување на последиците и давање помош и поддршка на настраданото население.
На почетокот на годината беше објавен апел за помош што го поддржаа голем број институции, компании, граѓани и наши иселеници во странство.Со апелот беа собрани средства што им беа доделени на настраданите семејствата од поплавените подрачја, како помош за санирање на последиците од поплавите.

Од дополнителните активности кои беа преземени се обезбедија парични средства, кои во вид на втор дел на помош и поддршка на ден 27 и 28 мај 2015 година се префрлени на сметките на 300 семејства.

Црвениот крст на Република Македонија уште еднаш упатува голема благодарност до сите вклучени субјекти, институции, компании и граѓани за помоштта и поддршката на оваа хуманитарна акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top