Ирската рок-група „Ју ту“ синоќа соопшти дека нејзиниот долгогодишен менаџер Денис Шиaн починал во Лос Анџелес, каде што се наоѓа групата во рамки на последната турнеја.
Според американските медиуми, 68-годишниот Шиaн починал од природна смрт во хотел во Западен Холивуд. Тој починал неколку часа по завршувањето на првиот од петте предвидени концерти на „Ју ту“ во Лос Анџелес, одржан во вторникот вечерта по локално време.
– Загубивме член на нашето семејство и сѐ уште не сме целосно свесни за тоа. Тој не беше само легенда на музичкиот бизнис, туку и легенда на нашата група. Тој е незаменлив – напиша водачот на „Ју ту“, Боно Вокс, на веб-сајтот на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст