Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, и деканот на Природно – математичкиот факултет, Ицко Ѓоргоски, денеска во просториите на факултетот ќе ги доделат ваучерите за набавување таблети со надворешна тастатура.
Вкупно 4.570 студенти ќе добијат бесплатни таблети во рамки на владиниот проект за доделување вредносни бонови – ваучери за набавување таблети со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.
Од пристигнатите 7.290 апликации, 1.938 биле одбиени, а 728 дополнително ќе се проверуваат. Најмногу ваучери се доделени на скопскиот УКИМ и на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, а најмалку на охридскиот.
Таблетите се наменети за редовните студенти од трета и од четврта година и за студентите евидентирани како лица со посебни потреби од која било година на студии во учебната 2014/2015 година, на високообразовните установи во Македонија, а кои доаѓаат од семејства со бруто-приходи не поголеми од 32.741 денари.
Ваучерите се со вредност од 8.000 денари, а таблетите студентите може да ги набават најдоцна до 25 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст