| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 17 деца загинаа во сообраќајна несреќа во Индонезија

Најмалку 17 деца загинаа во сообраќајна несреќа во северниот дел на индонезискиот остров Суматра, јави денеска весникот „Џакарта пост“, пренесува ТАСС.

Според првичните информации, камионот, со кој патувале околу 50 деца, излетал од патот и паднал во длабока бездна поради оштетување на гума.

На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top