Новиот шеф на Военииот комитет на НАТО, чешкиот генерал Петр Павел предупреди на конференција за безбедноста во Прага дека Русија за два дена би можела да ги окупира балтичките републики и оти НАТО не би стигнал да реагира.
Тој предупреди дека НАТО така би дошол во ситуација да одлучува дали да се впушти во војна која може да стане нуклеарна, но дека постои и елемент на заплашување – обврска за колективна одбрана на нападната членка и ризик од нуклеарна војна.
– Русија е во состојба да ги окупира балтичките држави за два дена, а за тоа време НАТО не би стигнал да реагира, изјави генералот Павел на конференција одржана во чешкиот парламент. Тој во јуни ќе ја преземе високата функција во НАТО.
Оцени дека Европа е исклучително неефикасна кога се во прашање закани од Русија и исламски држави.
– Еден од хендикепите на НАТО е сложеноста на процесот за одлучување. Има 28 членки и сите мора да одобрат. Русија е во состојба да одлучи за многу кратко време – за неколку часа, изјави Павел.
Новиот претседател на Воениот комитет на НАТО, истакна дека во иднина би требало да се усогласат политичкиот процес на одлучување со роковите на силите за брза интервенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.