| четврток, 6 декември 2018 |

Музејот на современа уметност прогласен за најдобар

Музејот на современата уметност во Скопје ја доби наградата „Музеј на 2014 година“, што ја доделуваат Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите ИKОМ. МНK на ИKОМ традиционално додели повеќе годишни награди по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите.

Muzej na sovremenata umetnost (3) (Custom)

 

Македонскиот ИKОМ додели и награда за музејски проект на годината – на Перо Арџанлиев, виш кустос за хеленистички период во Археолошкиот музеј на Македонија. Тој е награден за проектот „Златното лице на непознатиот македонски крал, Македонците и Kелтите од брегот на Охридското Езеро – Судир на култури“.

За музејски работник на годината е прогласена Лилјана Мангароска од Музејот на Македонија. Проектот „Допри ја културата – почувствувај ја уметноста“ од Заводот и музеј од Охрид и одговорниот Горан Патчев ќе добијат пофалница во категоријата музејски проект на годината (поткатегорија – проекти осмислени за посебни целни групи). За најдобар надворешен музејски соработник се прогласени авторите на емисијата „Kултурна матрица“ која се емитува на телевизијата „24 вести“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top