| четврток, 6 декември 2018 |

На мажите им е поважен голем мозок, отколку големи гради

На мажите при изборот на партнерката им е поважна „големината“ на нејзиниот мозок, отколку големината на градите, твради професерот на Универзитетот во Кембриџ, Дејвид Бејнбриџ.

devojka so golemi gradi

Ваквиот заклучок, како што јави „Дејли Мејл“, Бејнбриџ го донел врз основа на анализа на неколку студии за тоа што им е нјаважно на мажите при изборот на нивната животна партнерка.

– Големината на градите не е важна. Кај големите гради има поголема шанса за асиматрија, а мажите повеќе ги привлекува симетријатa. Мажите не бараат ниту долги нозе. Анкетите покажуваат дека мажите повеќе сакаат просечна должина на нозете, вели Бејнбриџ.

Тој додава дека анкетите покажуваат оти на мажите интелегенција им е на самиот врв на листата на критериуми при изборот на партнерката.

– Тоа е показател дека таа ќе знае да се грижи за нивните деца и дека нејзините родители веројатно исто така се интелегенти, што наведува на заклучокот дека и девојката е добро воспитана, заклучува Бејнбриџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top