| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ бара од земјите-членки да примат 40.000 азиланти

Европската унија побара од земјите-членки во следните две години да примат 40.000 баратели на азил од Сирија и од Еритреја кои веќе се наоѓаат во Италија и во Грција.

azilanti

– Ниe имаме предлог за итен механизам за префрлање на 40.000 баратели на азил во други европски земји (членки). Сиријците и Еритрејците ќе бидат префрлени од Италија и од Грција во други земји-членки на ЕУ во период од две години, истакна комесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.

Според податоци на Агенцијата на Обединети нации за бегалци околу 35.000 имигранти од Африка и од Блискиот Исток, кои го поминаа Медитеранот на пат до Европа од почетокот на оваа година, пристигнаа во Италија, а околу 1.800 се удавија.

Вклучително имигрантите кои пристигнаа во Грција, во Шпанија или Малта, вкупниот број на луѓе кои со бродови стигнаа до Европа се искачи на 62.500, од кои една третина се Сиријци, а по десет отсто се од Авганистан и од Еритреја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top