| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку едно лице загина во поплави во северозападна Романија

поплава

Најмалку еден човек загина во поплавите што го зафатија северозападниот дел на Романија, соопшти денеска романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опрја.

Тој истакна дека 42 лица биле принудени да ги напуштат домовите, а 46 куќи се поплавени.

Од понеделникот 18 романски општини се борат со надојдената вода од поројните дождови. Патиштата се под вода, а дел од училиштата се затворени.

Опрја наведе дека 800 пожарникари и полицајци му помагаат на населенито, а моблизирани се и уште 13.500 припадници на романската полиција.

Десетици населени места во окрузите Марамуреш и Салаж се погодени од поплавите.

Метеоролозите објавија црвено предупредување поради опасност од поплави во окрузите Салаж, Сару Маре и Марамуреш, поради зголемување на нивото на реките

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top