| четврток, 6 декември 2018 |

ЈСП одбележува 65 години од постоењето (фотогалерија)

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје одбележува 65 години од своето постоење и ако почетоците биле тешки, денес е целосно модернизиран јавниот сообраќај во Скопје.

-Почнавме да работиме со пет запленети возила и во 1949 година беше извршена поголема набавка кога беа обезбедени 10 автобуси од француската марка „Рено“. Со растот на градот стигнавме до 312 нови автобуси кои беа набавени во последните три години – изјави директорот Мишо Николовски.

jsp02

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

-Старите автобуси имаа потреба од замена, затоа 100 отсто го заменивме возниот парк со нови автобуси и добивме модерен јавен превоз. Градот Скопје обезбеди и субвенции од два до три милиони евра за билети – изави Трајановски.

jsp01

 

За автобуски постројки вкупно обезбедени се 226 милиони денари, од кои 20 милиони ќе бидат потрошени оваа година. За модернизација на начинот на наплата се издвоени 180 милиони денари, од кои една третина ќе се потрошат во 2013 година.

 JSP SKopje Bus Picture

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top