Три лица се повредени, а оштетени се вкупно четири возила по сообраќајната несреќа што ноќеска, десетина минути по полноќ, се случила на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „166“ во Тетово, попозната како Брвеничка кривина, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Во несреќата најпрвин се судриле „мерцедес“ со тетовски регистарски таблички управуван од Ј.С.(27) од Боговиње и „ауди“, исто така, со тетовски таблици што го управувал тетовецот А.И.(31)
– Во судирот возачот на „мерцедесот“ добил тешки телесни повреди, со возило на Брза помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош, итно е префрлен на скопските клиники. Сопатникот од ова возило Ш.А.(20) од Голема Речица и возачот на „аудито“ се пренесени и задржани во тетовската болница. Во несреќата бил оштетен метален столб (јарбол) што паднал врз товарно возило „фолксваген“ и уште едно патничко возило „БМВ“ кои биле паркирани во непосредна близина – изјави Јосифовски.
Тој појасни дека по овластување на јавен обвинител полицијата извршила комплетен увид и работи на расветлување на сите поединости поврзани со оваа сообраќајна несреќа. Првично причина за неа, според полицијата, е неприспособена брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 500 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст