| четврток, 6 декември 2018 |

Долги аплаузи за „Без паника“ на битолскиот театар во Русија

Со долги аплаузи вчеравечер во Русија беа испратени актерите од претставата „Без паника“ на битолскиот театар.

Руската публика одушевена од нивниот енергичен, духовит и емотивен настап неколку пати ги награди со аплаузи на отворената сцена.

Во преполниот салон синоќа (26 мај) забележително беше присуството и на повеќе актери и режисери од театарот „Алексндријски“ и од театарот „Вера Комерсажевскаја“ како и повеќемина студенти од Македонија кои се верни посетители на нашите претстави во Петербург.

Инаку, ова беше второ претставување на Благој Мицевски со своја претстава по она пред многу години со претставата „Повест за Соњечка“ од Марина Цветаева, а како резултат на долгогодишната соработка на Валентин Светозарев со Музејот и театар „Достоевски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top