Мај, традиционално, е месец на велосипедисти во Македонија. Велосипедот е најеколошко, најздраво и најекономично возило, за кое не треба никаква возачка дозвола или полагање, но, сепак, е потребно да се познаваат и почитуваат правилата и прописите за безбедно учество во патниот сообраќај.
Од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБС) посочуваат дека велосипед на пат може да управува лице кое навршило 10 години.
Во случај кога нема изградена велосипедска патека, велосипедистот е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека, тогаш тој е должен да се движи по велосипедската патека, односно лента.
Кога велосипедистите се движат по велосипедска патека, односно лента, тогаш тие не смеат да се движат со брзина поголема од 25 километри на час.
Велосипедистот е должен да го управува велосипедот на начин на кој не се намалува стабилноста на велосипедот и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот.
Велосипедистот може да превезува други лица само ако на возилото постојат посебни седишта.
Деца до 14-годишна возраст не смеат да превезуваат на велосипед други лица.
Велосипедистот за време додека управува со велосипедот не смее да води животни.
Велосипедистот не смее да превезува на велосипедот лице кое е под дејство на алкохол.
Велосипед не смее да се вози по автопат, освен за време на организирани настани, со соодветна придружба.
Велосипедистот и лицата кои се превезуваат со велосипед не се обврзани да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Но, гледано од аспект на пасивна безбедност, препорачливо е за време на возењето да се носи заштитен шлем.
– Никогаш немојте да заборавите дека во случај на судир со друго возило, вие немате еден тон метал да ве заштити, ниту заштитен појас, воздушни перничиња… Затоа возете интелигентно, посветено и концетрирано. Тоа е најдобар начин да избегнете ситуации кои би го загрозиле вашето здравје и живот, велат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст