| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Буре барут“ прогласена за најдобра на меѓународниот фестивал НЕТА во Бугарија

bure_barut-vojdan_cernodrinski

Ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Буре барут“ од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска, е прогласен за најдобар на меѓународниот фестивал НЕТА што се одржа во Враца, Бугарија.

Во соопштението од Центарот за култура „Марко Цепенков“ се наведува дека жирито, во состав Нора Макарова од Русија, Веселина Гулева од Бугарија и Тодор Кузманов и Гоце Ристески од Македонија, сметало дека ансамблот ја одиграл претставата „Буре барут“ маестрално и токму затоа му се доделува наградата за најдобар ансамбл.

Одлуката е донесена откако жирито ја проследило претставата на прилепскиот театар што се одигрувала во рамки на 26. издание на Фестивалот на камерна сцена кој во Враца се одржа паралелно со фестивалот НЕТА.

Двата фестивала се одржаа од 16 до 22 мај, а прилепскиот ансамбл настапи на отворањето на 16 мај.

Ова е второ меѓународно признание за претставата „Буре барут“ и за ансамблот на прилепскиот театар. Минатата година на актерката Даниела Иваноска ѝ беше доделена наградата за споредна женска улога на фестивалот на глумци во Никшиќ, Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top