| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Градско

e10

Триесет и четиригодишната скопјанка Василка С. и нејзиниот четиригодишен син загинаа вчеравечер во сообраќајка на автопатот Велес – Неготино. Во несреќата полесно е повреден нејзиниот сопруг, кој го возел автомобилот со кој патувало целото семејство.

Несреќата се случи вечерва околу 19 часот во непосредна близина на наплатната рампа кај Градско.

Семејството патувало со автомобил „мазда 3“ и најверојатно налетале на еден од двата камиони што претходно  се судриле на патот, и автомобилот по ударот излетал од патот.

По наредба на јавен обвинител, телата на загинатите се дадени на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top