| четврток, 6 декември 2018 |

Пророци од Балканот: После утрешните бомби нови спонтани собири пред влада

prophecy-wind
Неколку познати балкански пророци меѓу кои се Стрина Авдија од Босна, Емануел од Бургас, Тетка Милка од Пожаревац и Страшо Стојанов од с. Подржикоњ, Кривопаланечко, синоќа имале исто провидение.

Четворицата пророци сонувале ист сон, а тоа го сфатиле денес кога на утринското кафе во Кампот за Пророци кој се одржува на Копаоник си ги разменувале искуствата од прошлата ноќ.

Во заедничкото соопштение на четворицата стои следното:

„Бидејќи ние долупотпишаните големи пророци сонивме ист сон, ова е неверојатно прецизна најава дека ќе се случи она што го сонувавме.

А сонот е дека мирната атмосфера во кампот пред владата исполнета со музика, спорт, разговори, караоке и гледање филмови, ќе биде нарушена од спонтана реакција.

Спонтаната реакција во форма на спонтан собир спонтано ќе се случи откако во среда опозицијата ќе објави нови бомби, па така мирот на камперите кои преку пасивен отпор, музика и спорт ја очекуваат оставката на премиерот на Македонија, ќе биде нарушен од спонтаната реакција на група граѓани кои ќе започнат повторно да протестираат, да се собираат и маршираат.“

Јавноста коментира дека ова сценарио е можно бидејќи после бомбастичните најави на лидерот на опозицијата Заев дека протестот на 17-ти мај нема да заврши веднаш, туку тој и соборците ќе останат во кампот до конечна оставка на Груевски, отпорот на опозицијата се претвори во спортско-рекреативен целодневен престој пред влада или како што викаат некои „Опозициона градинка“ во која луѓето кои немаат идеја како да дојдат на власт се занимаваат со други работи, колку да не се мотаат по дома.

Од опозицијата велат дека тие продолжуваат со поддршка и престој на камперите пред влада, но дека ако некој спонтано се собере од спонтани причини и спонтано одлучи дека спонтано треба да се направи спонтан собир за правда за (темата на утрешните бомби, која и да е), тие немаат ништо со тоа, но го поддржуваат правото на граѓаните да изразуваат протест како што сакаат.

Последниот ваков спонтан протест се случи после спонтаната бомба на СДСМ за Мартин Нешковски, а спонтаниот мирен протест спонтано премина во насилен, па од утредента спонтано луѓето се собираа против насилството на првиот спонтан протест.

До каде ќе донесе спонтаноста која балканските пророци ја најавуваат за утре, ќе видиме наскоро.
Кромиди Запад

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.  

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top