| четврток, 6 декември 2018 |

Стабилна состојбата на затруените, ресторанот затворен, надлежните апелираат за внимателност

images

Привремено затворен скопски ресторан откако петмина гости со симптоми на труење завчера завршија на Инфективна. Од Клиниката информираат дека четворица поминале  само со амбулантски преглед,  а еден е задржан на болничко лекување и е во стабилна состојба. Според веќе направената епидемиолошка анкета, лицата биле на матурска прослава.

Поради мачнина и повраќање морале да побараат лекарска помош.  Во текот на вчерашниот ден во ресторанот биле екипи од Центарот за јавно здравје, санитарниот инспекторат и агенцијата за храна и ветеринарство. Земале брисеви од работни површини и од храната која ја затекнале. Истите треба да покажат дали и од што настапило труење. Објектот ќе биде под клуч се до добивање на резултатите и повторен контролен преглед од надлежните. Дотогаш во ресторанот мора да биде направено генерално чистење и дезинфекција, како и вонреден здравствен преглед на вработените.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top