| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава ги зајакнува позициите во Либија и го проширува своето влијание

BN-IM280_ISBRAN_J_20150518180940

Лидерите на Исламската држава (ИД) од Сирија испраќаат се повеќе пари, инструктори и борци во Либија, со што расте загриженоста на САД дека екстремистичката организација собира сили во обидите да ги рашири својот опсег на дејноста и своето влијание, пишува „Волстрит џурнал“.

Американски воени претсгавници во последниве месеци тврдат дека Исламската држава ги зацврстила своите позиции во Либија, барајќи начин да искористи од растот на својата популарност меѓу екстремистичките групи во светот.

– ИД сега располага со оперативно присуство во Либија и се стреми да ја претвори во своја африканска база. Либија сега е дел од терористичката карта на џихадистите, рече американски воен претставник.

Растот на Исламската држава како моќна антизападна сила, ги тера екстремистичките групи низ светот да се гордеат со нејзината успех. Но до неодамна, различните ограноци оперираа со голем степен на независнсот и имаше малку докази дека тие добиваат наредби од централното раководство на организацијата во Сирија и Ирак, потенцира американскиот претставник.

Главното јадро ги користеше групациите што изникнаа како печурки по дожд како пример, дека нејзниот самопрогласен „Калфат“ се проширува. Но, завојуваните позиции во Северна Африка го бележат првото проширување на дејноста на организацијата надвор од Блискиот Исток, посебно во обидите на тамошните екстремисти да си обезбедат силна поддршка во Сирија, тврдат американски претставници.

ИД доаѓа во Либија и си прави нова писта од која ќе планира напади во Северна Африка и од таму преку Средоземното Море во Европа. Европската унија реши за започне воена мисија насочена против бандите на трговци со луѓе кои оперираат во Либија. Всушност, ЕУ објави дека таа мисија нема за цел да се спротивставува на растечката закана од ИД во Либија.

Американски воени експерти гледаат малку ефикасни начини да се спротивстават на зацврстувањето на ИД во Либија, каде многбројни радикални групи го користат вакуумот во власта кој се појави како резултат на битката за контрола меѓу две слаби дуплираи влади во земјата.

Американската војска нема желба да ја пришири продолжената воздушна кампања против ИД во Ирак и Сирија и кон Северна Африка. Во Либија нема ниту надежни сили со кои Америка би можела да дејствува за успешни бомбадирањата, како што го прави тоа во Ирак.

– Како да ги сопреме? Тоа е проблем кои создава сериозна загриженост, рече истиот американски воен претставник.

Според воени експрети од САД, најдобриот начин да се спречи организацијата да ги проширува своите глобални позиции е да се концентрираат ударите врз нејзните утврдувања на Блискиот Исток.

– Во овој момент, ние удираме точно во нивните корени во Ирак и Сирија, рече високиот американски претставник.

Екстремисти од Западна Африка до Авганистан го подигнуваат црното знаме на Исламска држава и се заколнуваат дека ќе го следат лидерот на групата, Абу Бакар ал Багдади. Но, во повеќето случаи, овие заколнувања не се трансформираат во значителни напори од страна на ИД да восостави врски или да го рашиири својот опсег, тврдат американски претставнци и блискоистони аналитичари.

Но, промената во взаемнте односи меѓу ИД и екстремистите во Либија, покажува дека радикалната организација работи посериозно за да користи од својата глобална популарност меѓу распрсканите екстремистички групи. Подлабоки врски во Либија би и дале на ИД можност да го рашири своето влијание подлабоко во Африка, каде групите како Боко Харам во Нигерија објавија дека застануваат под знамето на радикалната сунитска воена сила.

– Во овој момент, ИД се најактуелниот тренд. Тие објавуваат пократки соопштенија и очигледно се понапред од другите екстремистички организации, рече истиот висок американски воен претставник.

Некои американски службени лица и експрети гледаат знаци дека ИД се обидува да ги зајакне своите врски со исламските екстремисти на египетскот Синајски Полуостров, иако таму ќе се соочи со силен отпор од египетската армија. Има некои информации дека ИД од Сирија испратила пари за своите сојузници на Синај, но Американците се позагрижени од засилувањето на врските со екстремистите во Либија.

Надвор од тоа, американски претставници гледаат малку знаци дека лидерите на ИД воспоставиле солидни врски со други регионални екстремистички сили, кои застанале под знамето на борбата на самопрогласениот калифат.

Лидерите на ИД се уште не се обиделе да ги рашират опсегот на своето вллијание кон земји како Јемен, Авганистан или Пакистан, каде одамна постојат екстремистички сили кои се противат на плановите на сунитската организација за создавае на глобален исламски калифат, велат американски службени лица.

Друг голем проблем за силите на ИД е стратешки: оранизцијата треба да определи каде и како приоритетно ќе ги користи парите и човечките ресурси за проширување на својата власт надвор од Ирак и Сирија, каде нејзините борци се подложени на секојдневни бомбардирања од американските сили.

ИД треба исто така да реши како да ги рапредели ресурсите во време кога американски официјални лица тврдат дека значително ги ограничиле можностите таа да собира пари преку продажба на нафта и со грабежи по банки.

Таквата стратегија против ИД постигна нов успех, кога американските специјални сили извршија напади во Сирија, при што беше убиен главниот благајник на ИД и дојдоа до информацијата која може да помогне на Америка уште повеќе да го скуси достапот на организацијата до извори на пари.

– Клучното прашање е дали ИД може да ја купува поддршката на населението, кое живее на териториите под нејзина контрола, истовремено продолжувајќи да ги финансира своите воени операции. Ние не сметаме дека се тие во состојба да го прават тоа, потенцира службеник во американските антитерористички служби.

ИД заклучила дека Либија е најкорисниот нов фронт. Во последниве месеци според американски претставници од сферата на одбраната, органнзацијата од Сирија праќала мали парични суми и воени инструктори во Либија, каде стапила во сојуз со локални ексттремисти од кои некои биле на страната на ИД во Сирија.

– ИД многу личи на балон. Кога ќе го притиснеш, воздухот во него оди на другата страна. Тие го покажуваат тоа и во Ирак, до извесна мера, каде опстојуваат водејќи битки ден за ден, рече висок американски службеник од одбраната.

Плановите на ИД за Либија добија импулс во текот на јануари кога Багдади го испрати поранешниот офицер на ирачките специјални сили Висам абд Заид ал Џубори за да помогне во организирањето на нов огранок во Триполи, посочи Хишам ал Хашими, ирачки експерт за исламските бунтовнички движења, кој често ја советува и Владата.

ИД користи курири и локални неформални системи за пренос на пари, познати како хауали – нешто слично на Вестерн јунион, но без соодветна документација – за да префрла пари во Либија, тврдат американски службени лица. Се смета дека станува збор за не многу големи суми.

Барајќи начин да добија некакви признание за да си ги покажат намерите, силите на ИД во Либија применија брутална тактика на организацијата. Во април тие на интернет поставија грозоморно видео на кое се гледа како маскирани џихадисти обезглавуваат десетици етиопски христијани.

А на почетокот на овој месец беше пуштен друг видео клип, на кој се гледа како либиски борци се заколнуваат на подршка на ИД и започнуваат серија напади и егзекуции по брза постапка во источниот град Бенгази. На клипот е покажан египетски борец, идентификуван како Абу Ахмед ал Масри, кој ги повикува мажите во либискиот град Мисрата да ја поддржат со оружје каузата на ИД.

Покасно се појави соопштение дека Масри бил убиен по објавувањето на клипот. Се смета дека е тој еден од се поголемиот број странски борци првенствено од соседните земји, кои дошле да ја засилат кампањата на ИД во Либија.

– За младото поколение, ИД е многу привлечно со фактот дека не е потребно да одиш дури до Сирија или Ирак за да војуваш за „Калифатот“, вели Фред Вири, истражувач за Блискиот исток во Фондацијата за меѓународен мир Карнеги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top