Во изминатите шест месеци откако функционира официјалната Фејсбук страна на Министерството за здравство – Здрава бременост, повеќе од 900 жени побарале медицински совет или консултација за текот на бременоста и сите добиле соодветен стручен одговор од доктор-специјалист.
На дневна основа, соопшти Министерството за здравство, по еден доктор-специјалист одговара на прашањата кои биле поставени во текот на денот.
За таа цел, како што се наведува, ангажирани се 30 доктори од неколку јавни здравствени установи, меѓу кои Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, како и Заводот за здравствена заштита на мајки и деца.
Станува збор за доктори-специјалисти во областа на гинекологија и акушерство, анестезиологија, како и специјалисти од областа на педијатрија кои споделуваат стручни совети за грижа и нега на новороденчињата, со што соодветно се опфатени периодот на бременоста и постпородилниот период.
Прашањата се поставуваат во приватна порака на фејсбук страната, одговорот се добивa исто така во приватна порака, а одговорите на најчесто поставуваните прашања се споделуваат јавно (без објавување на лицето што го поставило прашањето), со цел информирање на пошироката јавност за најчестите прашања за бременоста или постпородилниот период, како што се: прашања за исхраната во текот на бременоста, во која недела од бременоста кои прегледи/скрининзи треба да се извршат, физичка активност за време на бременоста, совети за доење и нега на новороденчињата, и сл.
Со овој проект се овозможува споделување корисни медицински совети и стручни консултации преку директна и непосредна комуникација со докторите-специјалисти, со единствена цел заштита на здравјето на мајката и детето, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст