| четврток, 6 декември 2018 |

Неврохирург го потврди постоењето на живот после животот

smrt

Дали имаме душа? Дали постои живот после животот? Задгробниот живот е нешто за кое сведочат безброј луѓе, кои тврдат дека го доживеале и повторно се вратиле за да ги раскажат нивните приказни.
Такво е и искуството од прва рака на неврохирургот од Харвард Ибен Александар, со 25 годишно работно искуство.

Ова не е уште едно задгробно искуство кое може да се препише на халуцинациите.

Пред ова искуство тој не верувал во постоење на нефизички дух. Обучуван во западни медицински школи и опкружен со колеги од медицината кои се длабоко посветени на материјалниот поглед на универзумот, тој сметал дека идејата за постоење на душа била чудна. Како и многумина скептици, тој верувал дека приказните за задгробниот живот се плод на халуцинации или продукт на човековата фантазија.

Докторот Александар го сменил своето мислење откако бил во кома седум денови предизвикана од редок вид на бактериски менингит. За време на комата тој доживеал живописно патување во она за кое тој смета дека е задгробен живот, посетувајќи и небесни и не толку небесни царства.

По враќањето во своето тело и чудотворното излекување наспроти сите неприлики, тој ја напишал најчитаната бестселер книга на Њујорк Тајмс „Доказ за рајот“. Тоа што докторот Александар го потврдува е дека овој наш живот на земјата е само тест со кој нашите души се развиваат и растат, и најдобриот начин за ова растење е преку љубовта и сочувството. Еве некои од најзначајните забелешки кои тој ги дал.

– Искуството на задгробниот живот било толку реално и експанзивно што животот како човек на земјата изгледало како вештачки сон за споредба.

– Материјалот на задгробниот живот бил чиста љубов. Љубовта доминирала во задживотот во толкава мерка што севкупното присуство на зло било тотално занемарливо. Ако сакаш да го спознаеш универзумот спознај ја љубовта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top