Во Матица ексклузив на денеска (26 мај) во 12 часот ќе се одржи промоција на монографијата „Ташковски – цртежи“ и изложба на графики. За првпат авторот пред љубителите на уметноста ќе презентира дваесет и шест графики.
За делото на Ташковски ќе говорат писателот Раде Силјан и академик Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите.
Монографијата „Ташковски – цртежи“ е добитник на првата награда во категоријата за најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу два саеми на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.