| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ: Не одам доброволно во Хаг, Владата нека му ја мисли што ќе прави

seselj

Лидерот на српските радикали Војислав Шешељ повтори денеска, откако во министерството за правда стигнал допис од Хашкиот трибунал за негово враќање, дека нема доброволно да се врати во Шевенинген, но и дека нема да бега.

-Прашајте ја Владата на Србија што ќе прави. Јас го реков своето – не одам доброволно. А нема ниту да бегам. Ги продолжувам партиските активности како ништо да не се случило, а тие нека му ја мислат што ќе прават – рекол Шешељ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top