Расте поддршката за граѓаните кои кампуваат пред општинската зграда во Струмица и бараат оставка од градоначалникот Зоран Заев. На петицијата за оставка на струмичкиот градоначалник која беше покрената пред неколку дена свој потпис ставија и членовите на здружението на бранители „Бедем“, објави телевизија Сител.
Од здружението велат дека дошле во Струмица да им дадат поддршка на членовите од нивниот огранок кој како што рекоа градоначалникот Заев го заборавил дека постои.
– Очигледно е дека не знае дека во Струмица има луѓе кои во 2001 беа спремни да го дадат својот живот и беа ангажирани во текот на војната. Истиот тој градоначалник наместо да го поткрепи здружението на бранители без оглед кое е, дали е „Бедем“ или е некое друго од Струмица, во времето на предизборната кампања потпиша меморандум за соработка со здружение на бранители од Прилеп. Наместо да ги поддржи своите оди по други градови и бара некои други луѓе кои очигледно по партиска локација му се нему многу блиски, рече Горан Димоски – претседател на здружение на бранители Бедем
Инаку струмичани пред една недела за прв пат ги поставија шаторите пред општинската зграда, а според најавите таму ќе останат се додека градоначалникот Заев не си поднесе оставка.
Барањето на граѓаните за оставка на Заев претходно го поддржаа општинската организација на ГРОМ, но и советниците од коалицијата „За Подобра Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст