| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: Не е доволно воено решение против Исламска држава

Организацијата Исламска држава може да биде победена само ако се соочиме со длабоките причини за нејзиното сместување во Сирија и Ирак, предупреди денеска во Рим високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини.

Воен одговор е „неопходен одговор, но не и единствен“, појасни Могерини, примајќи ја наградата на Институтот за студии за меѓународна политика во Рим за 2015 година.

– Ќе биде можно да ја победиме Исламската држава само ако „Ирак стане солидна демократска земја која ќе ги собере сите свои составни делови“ и ако „Сирија конечно тргне по патот на демократска транзиција и национално помирување“, појасни таа.

Судирот на сунити и шиити во овој регион „не војна меѓу религии“ туку „судир на моќта поради регионална хегемонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top