Продолжениот викенд на крајбрежјето на Дојранското Езеро го минуваат околу 8.000, претежно домашни туристи, информираат од Дорајнското туристичко биро.
Туристичките работници велат дека за разлика од првомајските празници бројот на посетителите е скоро преполовен, но сепак изразуваат задоволство затоа што бележи тенденција на зголемување во споредба со овој период изминативе години.
Градоначалникот на Дојран Борче Стамов најави дека Општината во насока на нудење подобри услови во пресрет на летната сезона ќе преземе активности за создавање нови содржини кои ќе привлечат повеќе гости.
– Со концесионерот за риболов на Дојранското Езеро се договоривме за новата туристичка сезона на гостите да им понудиме две платформи за капење на централните плажи и три колиби кои ќе ги подигнеме во Езерото на потегот од центарот на Стар Дојран до граничниот премин со Грција. Колибите ќе бидат во стилот на оние од пред шеесет па и стотина години, кои им го олеснуваа риболовот на дојранските рибари. Со тоа на Дојран ќе му го вратиме симболот, а на туристите ќе им понудиме нова атракција, истакна градоначалникот Стамов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод


