| четврток, 6 декември 2018 |

Нови авиолинии за летната сезона

Од Скопје за Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридрисхафен двапати неделно. Македонската метропола во јуни и јули добива нови авиоврски со европските градови. Од Охрид ќе се лета за Базел и за Лондон. Ова за патниците ќе значи поедноставен транспорт, нови можности за туризам и бизнис, а за концесионерот зголемени приходи. Инвестицијата на ТАВ во македонските авиопристаништа ги дава посакуваните резултати. Се зголемува бројот на патници, но и на компании кои оперираат од домашните аеродроми.

aerodrom

– Откога ТАВ раководи со двата аеродрома во Република Македонија имаме големо зголемување на бројот на патници и на авиооперации. За пет години растот изнесува 75 отсто, што на крајот доведе до тоа, лани да ја натфрлиме бројката од милион патници. Во моментов од скопскиот аеродром опслужуваме 26 европски дестинации и една интерконтинентална линија до Дубаи, а од јуни и јули се воведуваат и нови линии – вели првиот човек на „ТАВ Македонија“, Зоран Крстевски.

Во летниот ред на летање, кој важи до 24 октомври 2015-та година, на располагање се ставени следниве дестинации: Барселона, Базел, Белград, Брисел, Келн, Дортмунд, Дизелдорф, Дубаи, Ајндховен, Франкфурт, Фридрисхафен, Женева, Гетеборг, Хамбург, Истанбул, Љубљана, Лондон, Малме, Милано, Минхен, Нирнберг, Осло, Париз, Рим, Сплит, Стокхолм, Венеција, Виена, Загреб и Цирих. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top