| четврток, 6 декември 2018 |

Пороен дожд и град во Куманово

Куманово попладнево го зафати силно невреме, проследено со поројни врнежи од дожд и град. Градот непрестајно паѓаше повеќе од пет минути, ги побеле улиците, а повеќе сообраќајници беа целосно поплавени. Кумановчани ги отвораа шахтите пред семејните куќи со цел водата да не им навлезе во домовите.

dozd

Истовремено, попладнево имаше нестабилност со дожд и грмежи во западниот планински дел и Кичево, Македонски Брод.

И во Скопје преовладуваше нестабилна воздушна маса, која со јужно струење продолжи кон Куманово.

Метеорозолите во попладневните часови информираа за позначителна нестабилна облачна маса со која беше зафатено подрачјето на Пелагонија, како и градот Прилеп. Тука има подолготрајна појава на интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град. Од нестабилноста пократкотрајно беше зафатена и Битола.

Според УХМР, сите овие центри во јужно воздушно струење ќе се поместуваат кон север. Во вечерните часови процесите во атмосферата треба да се смират.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top