Платите на британските министри ќе бидат замрзнати за уште пет години во напорите на Владата да го намали буџетскиот дефицит, изјави денеска премиерот Дејвид Камерон.
Министрите добиваат 134.565 фунти (208.000 евра) годишно, во што се вклучени нивните пратенички плати.
Платите им беа замрзнати во 2010 година, кога беа намалени за пет отсто како дел од напорите на тогашната коалициска влада за кратење на трошоците.
Конзервативците на Камерон, кои победија на изборите на почетокот на овој месец, ветија дека ќе ги намалат буџетските трошоци за 25 милијарди фунти во следните две години со цел да го претворат сегашниот буџетски дефицит од пет отсто во суфицит до 2018-2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


