| четврток, 6 декември 2018 |

Бафет: Сиромашни, сами сте си виновни!

Ворен Бафет порача дека богатите луѓе како него не се виновни за судбината на сиромашните и дека сиромавите треба да престанат да ги обвинуваат богатите за своето сиромаштво.

bafet

– Сиромашните не се без бари затоа што богатите се богати – изјави третиот човек по богатство во светот во изјава за весникот „Вол стрит журнал“.

Изнесувајќи го ставот дека не треба да се зголеми минималната плата во САД, тој смета дека луѓето би требало да бидат платени повеќе низ владиниот систем на даночен кредит.

Пишувајќи за се поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните, тој го изнесува примерот на Хенри Форд, Стив Џобс и Сем Волтон, кои со своите иновации на сите им го подобриле животот.

– Не е точно дека богатите не заслужиле да бидат богати. Поголемиот дел од нив придонеле за благосостојбата на САД со своите брилијантни иновации или менаџерски способности. Сите ние живееме многу подобро заради Форд, Џобс Волтон и ним сличните. Се поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните е неизбежна последица на напредното трговско стопанств0 – рече Бафет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top