Разликата меѓу кампот пред Собрание и кампот пред Влада е тоа што во овој има Македонци, а таму има „фиромци“, рече актерот и член на ГДОМ, Тони МИхајловски во своето обраќање пред чуварите на демократијата, кои кампуваат пред Собранието на РМ.
Тој истакна дека таму има луѓе на кои не им пречи да имаат 24 години има привремена референца за своето име.
-Таму има бивши Македонци, таму има бивши луѓе, овде се сегашни и идни Македонци и Македонци до коска со целото почитание кон сопствената држава. И ние знаеме како се сака сопствената држава, разликата меѓу овој и оној камп е и тоа што овде има љубов кон сопствената земја и сопствениот народ, а таму има само омрза. Таму не слушнавме еден убав збор со сега, слушнавме само навреди, клевети и префрлање на топка, односно кукавичко јајце. Научија да правaт што сакаат, а ние тоа престанавме да им го дозволуваме и затоа се плашат од нас – рече Михајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


