Претседателот на Индонезија Јоко Видодо прилично ја изненанди домашната, но и меѓународната јавност со одлуката девет жени да биадт тимот што во оваа 255 милионска држава ќе се борат против корупцијата, која се уште се смета најголемо зло, но и за „стил на живеење во Индонезија“.
Антикорупциската комисија е и моќно политичко тело во Индонезија, а со нејзините активности во последниве три години поради коруптивни афери во затворите лежат четворица поранешни министри, десетици високи джавни службеници и бизнисмени.
Претседателот Видодо го добрал тимот меѓу 40 кандидатки, а меѓу нив се веќе афирмирани правници, економисти, менаџерки и експерти о социологијата и јавната управа.
Новиот тим на Комисијата за борба против корупцијата ќе работи под супервизија на Државниот секретаријат, на чие чело е претседателот на Индонезија. Претходно, антикорупционерите беа под супервизија на министерството за правда, а оваа врска често раѓаше судир на интереси.
Сегашниот претседател на Комисијата Јохан Буди го поздрави потегот на претседателот Видодо, особено и поради тоа што во тимот нема личности кои на било кој начин се поврзани со до сега откриените коруптивни случаи. Тоа, според него, ќе им олесни на антикорупционерите да носат одлуки што не ќе зависат од волјата на политичката и бизнис елита.
Аналитичарите потсетуваат и на големото политичко влијание на Комисијата за антикорупција. Така, само поради тоа што е на список на осомничени за корупција, иако без завршен процес, еден од кандидатите за шеф на индонезиската полиција, иако беше предложен лично од претседателот Видодо, не доби виза да стане прв полицаец во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



