Скопјанецот Ѓорѓи или попознат како Жучо речиси неполна година е во врска со нашата најатрактивна поп-пејачка, Викторија Лоба. Нивната прва заедничка фотографија излезе во јавностапред неполн месец откако пејачката објави фотографија со Жучо од Охрид. Двајцата вешто ја криеја врската а медиумите освен нивната заедничака фотографија немамаа буквално ништо повеќе.Нормално се до овој момент.
Жучо и Лоба ги има запознаено нивен заеднички пријател, а веднаш по запознавањето двајцата речиси се неразделни. Жучо кој има околу 40-години, а веќе неколку години живее во Мајами каде има свој бизнис. Поради Лоба тој повеќе време поминува во Скопје отколку во САД. Колку е нивната љубов голема говори и фактот што наводно викендов на романтичното патување во Милано Жучо ја побарал раката на Лоба. Двајцата решиле да ја чуваат во тајност свршувачката се до септември кога и планираат да им обелоденат на пријателите и роднините.
– Жучо во септември има неколку слободни денови, па се сети да направи забава, на која пред сите ќе се појави рака под рака со Лоба. Неговите пријатели се уште не ја запознале. За врската знаат само најблиските пријатели на Жучо. Тие добро се криеа од јавноста, но сега кога сфатија дека нивните емоции се силни, ја обелоденија врската. Лоба е толку заљубена што не ја интересираат никакви коментари и реакции за нејзината нова врска со Ѓорѓи – изјави за Убавина и здравје извор близок на пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст