Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 15 решенија против 15 вработени во Министерството за внатрешни работи.
На 12 вработени им е изречена парична казна, на двајца вработени мерка запирање на постапката и на еден вработен писмено предупредување.
Решенијата се донесени поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.
Полицаец за БПС ПО за БПС Крива Паланка, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Го нарушил ЈРМ со учество во тепачка);
Полицаец за БПС Одделение за БПС, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Постапувал спротивно на правилата и прописите на Министерството);
Полицаец ПС од ОН Ѓорче Петров, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Го нарушил ЈРМ со учество во тепачка);
Виш инспектор за превенција ПС од ОН Кратово, СВР Куманово изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);
Виш инспектор за економски криминалитет НК за КР Кратово, ОКП, СВР Куманово изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);
Полицаец во ПС од ОН Гази Баба, СВР Скопје изречена му е мерка „писмено предупредување“ (бил затекнат во полулежечка состојба на работното место и не ги отпоздравил старешините);
Полицаец за БПС во ПО за БПС, ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (бил затекнат како спие на работното место);
Полицаец за БПС во ПО за БПС, ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (бил затекнат како спие на работното место);
Полицаец во ПС од ОН Кисела Вода, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (наредбата за вршење на мотопатролна дејност не ја прочитал внимателно и со тоа не постапил по една од предвидените работни обврски).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст