| четврток, 6 декември 2018 |

Патките добија свои патеки низ улиците во Лондон

lane-duck-path-london-sharethespace-9

Патеки за патките долж водениот пат во Лондон, Бирмингем и Манчестер се привремена иницијатива која  има за цел да ги  охрабри и потсети луѓето да мислат и на животните со кои го делат патот додека пешачат или возат велосипед. Фондот за канали и реки, ги обоил патеките со бела боја, а насликани се и силуети на патки над кои стои нивното мото: Дели го просторот! Новостите за оваа иницијатива може да ја следите под хаштагот #sharethespace.

Идејата со обележувањето на патеките е да се потенцира дека има доволно простор за сите кои го користат и  би требало да го делат со останатите учесници, без разлика дали се пешаци, велосипедисти или животни.  Фондот за канали и реки е  одговорен за одржување на повеќе од 2000 милји (3220km) на внатрешните водни патишта во Англија и Велс. Нивното мото е “споделување на просторот; намалување на темпото; тоа е посебно место!

Дали патките ќе се согласат и ќе се придржуваат на овие правила е друго прашање!lane-duck-path-london-sharethespace-7

lane-duck-path-london-sharethespace-1 lane-duck-path-london-sharethespace-3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top